јун 23, 2009 2
Известување за учество во проектот Расшколувано знаење 09/10
ТКХ и Контрапункт
објавуваат
ОТВОРЕН ДЕН
РАСШКОЛУВАНО.ЗНАЕЊЕ (o^o)
[колективно самообразование во уметноста и културата]
1 јуни, Културен центар Точка
[програма]
20:00
Вовед во проектот Расшколувано знаење
Сузана Милевска и Ана Вујановиќ
Расшколувано знаење е проект за колективно самообразование кој е насочен кон современата независна културна сцена во регионот. Неговата цел е да ги истражува и да ги промовира алтернативите на хиерархискиот образовен модел во уметноста и во културата. Од методолошка гледна точка, проектот ги напушта концептите на индивидуално авторство и на стручност, а се залага за отворени колективни образовни структури во кои самоорганизираните заедници спроведуваат продукција, размена и дистрибуција на знаењето според хоризонталните организациски принципи.
20:20
Презентација на ТкХ (Теорија која хода)
ТкХ е независна платформа за теорија и пракса од Белград, која се занимава со унапредување на современите изведувачки уметности и критичките дискурси во локалниот контекст, како и на нивна афирмација во странство. Активностите на ТкХ вклучуваат: објавување списание за теорија на изведувачките уметности, самообразовни програми, on-line платформа, уметнички и теориски настани, интердисциплинарни перформанси итн.
ТкХ исто така активно е вклучена во расправите поврзани со прашањата на културната политика. Соработува со неколку самоорганизирани иницијативи од Белград (Other Scene), од регионот (Clubture) и пошироко (PAF), во насока на подобрување на инфраструктурните и дискурзивни потенцијали на независната културна сцена.
20:45
Проекција на филmот „Укради го овој филм 2″ (STEAL THIS FILM 2)
„Ова навистина се чудни времиња. Додека толку многу внимание во доминантните медиуми се посветува на ‘борбите’ меѓу старите и новите начини на дистрибуција, меѓу пиратите и институциите задолжени за заштита на авторските права, изгледа дека најголемиот дел од нас веќе и изгубиле нешто и добиле. Знаеме кои се победниците. Тогаш зошто уште да се зборува?
Ако Укради го овој филм 2 се покаже корисен при регрутацијата на нови луѓе во групата на оние што се подготвени да размислуваат ‘надвор од концептите на интелектуалната сопственост’, креативно да размислуваат за иднината на дистрибуцијата, продукцијата и креативноста, во тој случај сметаме дека навистина сме ја постигнале нашата цел”
21:30
Распуст – Post school party
Добра шанса за неформален разговор со можните учесници и сите оние кои се заинтересирани за проектот и неговиот почеток за време на Отворената недела што ќе се одржи во Белград од 13 до 16 јуни.
Забавата е проследена со атрактивните поттикнувачки закуски во организација на ХНУ.
Расшколувано знаење е партнерски проект на ТкХ (Теорија која хода) платформа за теорија и практика, од Белград (http://tkh-generator.net) и НВО Контрапункт (Културен центар Точка) од Скопје (http://kontrapunkt-mk.org), кој се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан (http://scp-ba.net).
Драги пријатели,
Ве известуваме дека се заокрожу првата генерација учесници во проектот Расшколувано знаење. Задоволство ни е да објавиме дека од денес, на некој начин, тимот на Расшколувано знаење е проширен за 24 нови учесници (12 од Белград и 12 од Скопје). Тоа значи дека започнува авантурата на колаборативно и мобилно учење (самообразование) кое ќе се залага за активно, критичко и дијалошко дејствување во и кон општествената реланоста, со цел историјата на знаењето да се сфати како привремена состојба која подложи на постојано менување и развивање. Се надеваме дека учесниците во проектот Расшколувано знаење ќе успеат да ги најдата и надградуваат своите интереси во вака сфатените контури на образованието и учењето.
Жирито во состав Ана Вујановиќ, Сузана Милевска, Искра Гешоска и Душан Грља мораше да направи селекција од вкупно 63 пријави (48 од Белград и 15 од Скопје), што навистина не беше лесна задача, имајќи ги предвид силната мотивираност и високиот квалитет на кандидатите. Волку големиот број пријави упатува на потребата од ваквата иницијатива со која се прави обид за надаминување на традицоналните модели на образование. Во изборот се обидовме да воспоставиме баланс помеѓу уметничките и теориските области, назначените интереси, како и помеѓу афирмираните „актери” и студенти, со намера проектот во најголема мера да биде реален придонес за локалната независна културно-уметничка сцена.
Свесни сме дека ваквиот избор никогаш не може да биде идеален, и дека на листата не се наоѓаат многумина кои би сакале да ги поддржиме.
Но се надеваме дека многумина ќе можат да земат учество и како дел од втората генерација која ќе започне со работа од јуни 2010 година.
Уште еднаш би сакале да напоменеме дека предавањата, презентациите и поголемиот дел од работилниците кои ќе се одвиваат локално и регионално се отворени за широко учество, во кое може секој проакативно да се вклучи. Присуството во учеството ќе биде драгоцено за сите.
Уште еднаш ве информираме дека формирањето на групите ќе се одвива во рамките на Летната школа која ќе биде организирана во Охрид од 16. 08 до 23.08 2009 година.
Ви благодариме за интересот и ви посакуваме креативна работа.
Скопје
- Ѓорѓе Јовановиќ
- Билјана Тануровска
- Виолета Качакова
- Борис Крмов
- Славчо Димитров
- Александра Јанчевска
- Димитар Самарџиев
- Јасмина Алексова
- Ѓорѓи Јаневски
- Јованка Попова
- Ивана Васева
- Велимир Жерновски
Препорачуваме за делумно учество:
- Филип Јовановски
- Драгана Заревска
- Биљана Клекачкоска
- Елена Вељановска
- Јасмина Најдовска
Белград
- Милена Богавац (Milena Bogavac)
- Драгана Булут (Dragana Bulut)
- Бојан Ѓорѓев (Bojan Djordjev)
- Синиша Илиц (Siniša Ilić)
- Владимир Јериц Влиди (Vladimir Jerić Vlidi)
- Никола Јовановиќ (Nikola Jovanović)
- Контекст: Вида Кнежевиќ (една учесничка од групата) (Vida Knežević)
- Кружок: Марко Ѓорѓев, Милош Николиќ (односно два учесника од групата) (Marko Đorđević, Miloš Nikolić)
- Милан Марковиќ (Milan Marković)
- Катарина Поповиќ (Katarina Popović)
- Небојша Вукелиќ (Nebojša Vukelić)
Препорачуваме за делумно учество:
- Antal Attila
- Maja Ćirić
- Jasna Jovićević
- Kontekst: Ivana Marjanović, Marko Miletić (odnosno 2 učesnika/ce iz grupe)
- Kružok: Milica Gudović (odnosno 1 učesnik/ca iz grupe)
- Ljiljana Tasić i Dušan Broćić
- grupa sa Master studija Univerziteta umetnosti: Anđela Ćirović, Hadrian Bnin – Bninski, Irena Cvetković, Jelena Nikolić, Maja Stojačković, Stefana Savić
Social Links