расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

ДВЕ ПРЕДАВАЊА НА ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ :: Симболи и колективни идентитети / Родови и сексуални политики на идентитет :: 18. и 19. 03. 2010, 19.00 :: Културниот центар Точка

Во рамки на Расшколувано знаење, партнерски проект на ТkH – платформата од Белград и на Контрапункт од Скопје, на 18 и на 19 март во Културниот центар Точка ќе одржат две предавања на Жарко Трајаноски проследени со разговор.

Жарко Трајаноски е истражувач, колумнист, активист за човекови права и ко-уредник на списанието за род, политика и култура – „Идентитети“. Има магистрирано на тема „Сексуалноста и човековите права“. Во моментов, работи на книга со работен наслов „Симболи и Идентитет: идеологиите на македонскиот етнонационализам“.

Целта на овие средби со Трајаноски е со алатките и методологијата на критичкото мислење да се отворат прашањата на две теми:

18. 03. 2010 (19.00 часот)

Симболи и колективни идентитети: улогата на симболите во изградбата на македонскиот национален идентитет

-          Државната химна и државниот грб (симболи на континуитет со СРМ)

-          „Националните“ знамиња во Република Македонија

-          Спорот за државното име – спор за „националниот“ идентитет?

-          Државни празници

-          Културни политики и симболички практики: историски ревизионизам, злоупотреба на археологијата, музејски поставки, споменици, Македонската енциклопедија, „Скопје 2014“

19. 03. 2010 (19.00 часот)

Родови и сексуални политики на идентитет

-          Политики на родова еднаквост

-          Родови улоги и родови идентитети во образованието

-          Политики на сексуална еднаквост

-          Сексуалноста во образованието

-          Борбата против дискриминацијата врз основа на пол, род и сексуална ориентација

*РАСШКОЛУВАНО.ЗНАЕЊЕ (О^O) е проект за самообразование кој се обраќа на современите независни културни сцени во регионот, со цел да ги истражува и промовира алтернативите на традиционалниот хиерархиски модел во образованието. Во поглед на методологијата, проектот ги проблематизира концептите на индивидуално авторство и експертиза и се заложува за отворени колективни (само)образовни структури во кои самоорганизираните заедници обезбедуваат хоризонтална продукција, размена и дистрибуција на знаења.

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Category: Announcements

Tagged: , , , , ,

Leave a Reply

Deschooling Classroom

Deschooling Classroom is a project that addresses the contemporary independent cultural scenes in the region, researching and offering an alternative to the hierarchical models of education in the art and culture. Methodologically, the project moves away from the concepts of individual authorship and expertise, and advocates open collective educational structures where self-organised communities facilitate horizontal production, exchange and distribution of knowledge.