расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ РАСШКОЛУВАНО ЗНАЕЊЕ (o^o), 2010/2011.

Sharp Thoughts :: POST(e)PEDAGOGY part 1 :: Ana Vujanovic vs. Jelena Vesic from TkH [Teorija koja Hoda] on Vimeo.

Sharp Thoughts :: POST(e)PEDAGOGY part 2 :: Ana Vujanovic vs. Jelena Vesic from TkH [Teorija koja Hoda] on Vimeo.

Контрапункт (културен центар Точка)

Ве поканува на

Предавање и разговор

со

Гералд Рауниг

на тема Уметност и револуција

13.05.2010, Културен центар ЦК, почеток 20.00

Контрапункт (Културен центар Точка) ве повикува заедно да го проследиме предавањето придружено со отворената дискусија, на еден од најзначајните теоретичари на ова време, Гералд Рауниг.

Предавањето на Гералд Рауниг, насловено како „Уметност и револуција“, реферира на неговото истоимено дело, кое претставува алтернативна историја на уметноста на „долгиот дваесетти век“. Во неговото предавање ќе биде опфатен периодот на потреси во општеството и во уметноста во еден долг историски пресек, од времето на Париската комуна во 1871 година до турбулентните алтер-глобалистички протести од Џенова во 2001 година.

Внимателно, со специфична методологија и искуство не само на врвен теоретичар туку и на активист, Рауниг движејќи се од акциите и дејствувањето на Ситуационистите и Сергеј Ејзенштајн до Виенскиот активизам, ги прикажува аспектите на револуционерната трансгресија и на оптимистичкото придвижување во однос на нејзината поставеност низ периодот на нејзините успеси и катастрофи.

Реферирајќи на идејата на Жил Делез и на Феликс Гатари за „машините“, Рауниг ја проширува пост-структуралистичката теорија на револуцијата врз експлозивите врски меѓу уметноста и активизмот.

Ваквиот аспект е особено важен за нас во мигов, кога постои обид за артикулација во однос на (зло)употребата на уметноста во политички цели.

Рауниг преку своите ставови за односот револуција-уметност се обидува да ги поттикне новите генерации уметници, теоретичари и промислувачи на општествените феномени, да одбијат да учествуваат во застарениот и истоштувачки поредок на пазарот и да се потчинуваат на секој вид авторитети, особено на оние во чии раце е политичката моќ. Наместо тоа предлага тие да се обидат да создадат радикално поинаков метод на општествен ангажман и дејствување.

Рауниг развива суштински и витален современ метод на политичка промена – метод со кој се надминуваат застарените формулации на отпор и бунтовништво. Според Рауниг, низ историјата, премногу крв и мастило се пролеани за да се сочуваат одделени „машините на уметноста“ и „машините на револуцијата“.

Убедени сме дека оваа средба со Гералд Рауниг ќе отвори многу прашања, но и дека ќе даде одговори на веќе силно започнатите дебати кај нас на оваа тема.

Гералд Раунинг е филозоф, теоретичар на уметноста, а поле на неговиот интерес и истражување се политичката естетика и културните политики. Работи во Европскиот институт за прогресивни културни политики. Координатор е на транснационалниот истражувачки проект republicart (www.republicart.net), transform (www.transform.eipcp.net), Creating Worlds (www.creatingworlds.eipcp.net), предава на Институтот за филозофија, при универзитетот во Клагенфурт.

Уредник е и коуредник на многу списанија од областа на теоријата, филозофијата, уметноста како и на журналот за радикални демократски културни политики Kulturrisse.

Предавањето е во рамките на проектот Расшколувано знаење 0^0, кој е партнерски проект на Контрапункт (Скопје) и ТкХ (Белград), а е поддржан од Швајцарска програма за култура за Западен Балкан (http://scp-ba.net).
Контрапункт (културен центар Точка)

Ве поканува на

Предавање и разговор

со

Гералд Рауниг

на тема Уметност и револуција

13.05.2010, rx
Културен центар ЦК, почеток 20.00

13.05.2010, price

Контрапункт и ТкХ

Објавуваат отворен повик

За учество во проектот

Расшколувано знаење (o^o), 2010/2011.

Бесплатна едногодишна програма за колективно самообразование во уметноста и културата

Контрапункт (Скопје) и ТкХ центар (Белград) објавуваат повик за учество во едногодишната програма за колективно самообразување во уметноста и културата – Расшколувано знаење.

Проектот е наменет за студентите по уметност, хуманистички и општествени науки, за професионалците и културните работници од Скопје и Белград, кои се заинтересирани за работа на независната културна сцена.

Целта на Расшколуваното знаење е да ги истражи и да ги промовира алтернативите на хиерархискиот модел на образование во уметноста и културата. Методолошки, проектот ги напушта концептите на индивидуалното творештво и експертиза, и заговара колективни самообразовни структури во кои се спроведува хоризонтална продукција, размена и дистрибуција на знаењето.

Расшколувано знаење е партнерски проект на ТкХ (Теорија која хода) платформата за теорија и практика на изведувачките уметности од Белград (http://tkh-generator.net) и НВО Контрапункт од Скопје (http://kontrapunkt-mk.org), а финансиски е поддржан од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан.

Ко-авторки на проектот се Марта Поповода, Ана Вујановиќ и Искра Гешоска.

СТРУКТУРАТА НА ПРОГРАМАТА: Работни групи, активности, услови за учество

Работни групи

Процесот на колективното самообразување е структуриран низ работни групи, собрани околу одредени области/теми. Областите понудени за 2010/11 се:

  • Културната политика на независните сцени
  • Уметност и активизам; и
  • Уметност и/како политика (реполитизација на дискурсот на хуманистичките науки)

Областите се дефинирани со намера преку проектот да обезбедиме простор за продукција и размена на знаења кои се дефицитарни на локалните независни сцени, а важни за нивното критичко промислување, афирмација и развој. Притоа водевме сметка да покриеме клучни нивоа на дејствување: културната политика/менаџмент, уметничката практика и теоријата на уметноста.

Заинтересираните на конкурсот се пријавуваат за една од понудените области. Откако ќе се оформат работните групи, на учесниците им се оставено поспецифично да ја дефинираат темата/проблематиката на својата работа, како и да ги осмислат пристапите и методите за работа на неа, со теориска поддршка и помош на програмските уреднички и координаторите.

Работните групи имаат регионален карактер и вклучуваат 9 учесници од Белград и од Скопје (вкупно 18 учесници).

Активности

Учесниците во циклусот 2010/2011 ќе поминат низ следниве активности:

  • Отворена недела – кратка програма на работилници, предавања, презентации и средби со учесниците од првата и втората генерација на Расшколувано знаење. Отворената недела ќе биде во Скопје, 08-11 јуни 2010 година. Покрај програмата со локални и со интернационални гости, учесниците од првата генерација за време на Отворената недела ќе организираат јавни презентации на својата работа и со соработничките проекти/дела.
  • Летна школа – интензивна еднонеделна образовна програма. Содржината на програмата, како и листата на соработници кои гостуваат заедно ќе ја креираат уредничките на проектот и учесниците на работните групи. Форматите на работа на Летната школа исто така се предмет на договор. Летната школа ќе биде во Црна Гора, во август 2010 година
  • Инкубатор – шестмесечен истражувачки процес на работните групи. Планот, програмата и динамиката на работата ќе ја осмислуваат самите учесници. Во формална смисла, Инкубаторот вклучува: континуиран самообразовен процес на работните групи, на состаноците во живо, преку е-маил листа, скајп, видео-линк, како и креирање програми за соработниците што ќе гостуваат. Инкубаторот трае од септември 2010 до февруари 2011.
  • Timeshare kamp – програмско-организациска структура која нуди сместување, продукција и просторно-технички услови за заедничка работа на групата во периодот март-април 2011, во Белград и во Скопје. Timeshare kamp-от следи по истражувањето на Инкубаторот, како рамка за реализација за заедничките културни иницијативи или работа. (Тоа може да биде инсталација, видео дело, тркалезна маса, перформанс, веб сајт, публикација и сл.)

УЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Учеството во програмата на Расшколуваното знаење во целост е бесплатно.

Покрај тоа, на учесниците им се обезбедени: материјални услови за истражување и работа (простор, техничка опрема, литература и сл.), покриени се трошоците за патување и сместување за сите програми на нивните работни групи кои се реализираат во другиот град (Отворена недела, Летна школа, програмите за време на Инкубаторот, Timeshare kamp), и обезбедени продукциско-технички услови за изработка на колективното дело (скромен буџет, простор, техника, организација).

За возврат се очекува волја за дејствување на независната сцена, активно учество во програмските активности, почитување на колегите, отвореност за проблематизацијата и одговорност за колективниот самообразовен процес.

Какви било дискриминации врз етничка, полова, сексуална, религиозна, старосна и друга основа во рамки на Расшколуваното знаење не се прифатливи.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

Ве молиме пријавата, која се состои од:

-          наративна биографија, со лични податоци и контакт (до 500 зборови)

-          еден пример од ваше дело (во кој било медиум), и

-          писмо за мотивација, со назнака за областа за која се пријавувате (до една страница)

да ги испратите на:

Deschooling Classroom dsc@tkh-generator.net

Рок за пријавување: 27 мај 2010 година

Жири: Ана Вујановиќ (програмска уредничка на проектот, Белград), Искра Гешоска (програмска уредничка на проектот, Скопје), Милена Богавац (учесничка на првата генерација на Расшколувано знаење, програмска координаторка за вториот циклус, Белград), Ѓорѓе Јовановиќ (учесник на првата генерација на Расшколувано знаење, Скопје) и Владимир Јериќ (учесник на првата генерација на Расшколувано знаење, Белград).

Одлуката и образложението на одлуката ќе бидат објавени на 1 јуни 2010 на веб страницата www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net.

ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации за проектот можете да добиете на www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net или контактирајте нè на dsc@tkh-generator.net.

За време на целиот период на траење на конкурсот, канцелариите на ТкХ и Контрапункт ќе бидат отворени за сите ваши прашања и консултации, во петок од 15-19 ч. (ТкХ) и понеделник од 10-16 ч. (Контрапункт). .

.

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Category: Announcements

Tagged:

Leave a Reply

Deschooling Classroom

Deschooling Classroom is a project that addresses the contemporary independent cultural scenes in the region, researching and offering an alternative to the hierarchical models of education in the art and culture. Methodologically, the project moves away from the concepts of individual authorship and expertise, and advocates open collective educational structures where self-organised communities facilitate horizontal production, exchange and distribution of knowledge.