расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

ANTIJARGON :: Издание во создавање / Отворена печатница

Издание во создавање / Izdanje u nastajanju / Publication in process

Термини/поими е група која низ самообразование се занимава со проучување на поими/термини од светот на современите уметнички, теориски, културни и образовни пракси од перспектива на актерите на независната културна уметничка сцена во Скопје и Белград. Целта на работата на групата не беше да се произведе нов поимник, речник или лексикон, туку создавање на релациони мрежи на поими коишто начесто се користат, а коишто ги разбираме или различно едни од други, или не сме свесни на нивните различни читања во зависност од теориската (или идеолошката) позиција. Со преиспитување на потеклото, епистемологијата и политиката на термините доаѓаме пред сè до не-подразбирачка и не-колоквијална-анти-жаргонска платформа на поими. Жаргонот подразбира база, специјализирана комуникација, во која знаењето се имплицира, а многу често е потполно празен – и позади искористениот вокабулар не стои знаење кое се подразбира, туку многу често, демонстрација на припадност на моментот, „браншата“, идеологијата… Ваквото стојалиште не подразбира некаква врста на идеалистичка потрага за „автентично“, „изворно“ значење на зборот, туку напротив, трага за контекстуално, историско-материјалистичко втемелување на терминот и политичноста на неговата употреба. Исто така, нашата намера не е целосно откривање и демонстрација на механизмите на жаргонот или тврдење дека сме изземени од него. Работата на де-жаргонизација ја поставуваме и како афирмација на нови термини, кои веќе на почетокот може да подлежат на „превентивна“ де-жаргонизација. Тоа што во оваа публикација го нудиме како формат за де-жаргонизација на подразбираните и афирмација на новите термини е регистратор- едноставна табела која е еден од можните алгоритми на користење на оваа публикација. Со термините претставени низ оваа табела се одредува потеклото, историјата, употребата, референците и „опис“ кој може да биде белешка, уметнички став, список на други термини, или нешто блиско до дефиниција од лексикон. Одредниците од табелата упатуваат на текстови во публикацијата и вон неа- на овој начин регистраторот сите текстови ги сложува во релациона мрежа на поими и нивни дефиниции, и создава практично неограничена хипертекстуална структура. Публикацијата е отворена – како во содржината така и во структурата- и нејзината вистинска цел доаѓа до израз со понатамошна работа на нејзините корисници- уредници/чки-автори/ки-читатели/ки: со пополнување, проширување, преуредување и користење. Затоа регистраторот го оставаме полу-завршен, демонстрирајќи во неговото пополнување неколку различни начини и формати на негово користење и повикуваме на соработка во неговото ширење и усложнување.

Отворена печатница

Издание во создавање е печатена верзија на web сајт, замислен како отворен online регистратор на термини и поими од областа на современите уметности, со кои нашата работна група се занимаваше во тек на десет месечниот процес на колективно самообразование, во рамки на проектот Расшколувано знаење (o^o). Од web адресата www.antijargon.tkh-generator.net, сите заинтересирани можат да испечатат свој примерок, да го ре-организираат во однос на своите потреби, да го преуредат, кратат или дополнат по принцип на D.I.Y. (направи сам), кој овозможува изедначување на традиционално одвоените улоги: корисник/читател=уредник=издавач/печатар
 корисничка/читателка=уредничка=издавачка/печатарка. Тиражот на оваа публикација не е однапред одреден, туку е отворен и непознат. Таа може да биде печатена во бесконечен број на примероци, а секој самиздат примерок, може да се разликува од другиот. Укинувањето на пагинацијата, ја ослободува публикацијата од насочен и наметнат распоред на читање. Како што секој текст може да се печати посебно или во комбинација со други текстови, исто така може и да се читаат: поединечно или по било кој избран редослед. На тој начин секој текст и во него обработениот поим, посебна целина која во изданието може да се позиционира на саканото место. Поради полесно снаоѓање во оквир на секој поединечен текст, задржана е нумерацијата на неговите табаци. Преломот на текстот е прилагоден на можностите на печатењето во домашни или канцелариски услови, на просечен печатач и во А4 формат. За да се олесни печатењето, во преломот се задржани основните печатарски ознаки коишто го поедноставуваат процесот на доработка: пасери (со чија помош публикацијата може едноставно да се поврзе), клинови ( кои служат печатарот да го провери квалитетот на бојата), и назнаки за поврзување и укоричување. Публикацијата поедноставно се укоричува кога со помош на перфоратор, на означени места ќе се издупчат дупки, према кои текстовите можат да се стават по сакан распоред во регистратор со формат А5. Текстовите исто така е возможно да се поврзат со врвка и да се стават во одбрана корица. Сите читатели/уредници/печатари може да ги дизајнираат кориците на регистраторот по сопствена желба. Во публикацијата може да се вметнат и други текстови, празни страници за белешки или сакани илустрации. Првите примероци ќе ги испечатат и поврзат членовите на групата Термини, во рамки на случувањето Отворена Печатница, каде сите заинтересирани можат да го видат процесот на печатење и коричење и веднаш да го состават својот примерок.

http://www.antijargon.tkh-generator.net

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Category: Final Works!

Tagged: , ,

Leave a Reply

Deschooling Classroom

Deschooling Classroom is a project that addresses the contemporary independent cultural scenes in the region, researching and offering an alternative to the hierarchical models of education in the art and culture. Methodologically, the project moves away from the concepts of individual authorship and expertise, and advocates open collective educational structures where self-organised communities facilitate horizontal production, exchange and distribution of knowledge.