расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

ЛЕТНО ШКОЛО РАШКОЛУВАНО ЗНАЕЊЕ (o^o) :: 6.-12. август 2010. :: Херцег Нови (Црна Гора)

Теорија која хода, Белград и Контрапункт, Скопје

Рашколувано знаење (o^o)

проект на колективна самоедукација во уметност и култура

Летно школо

6. – 12. август 2010.

Игало (Херцег Нови), Црна Гора

Распоред

6. август

од 21:00

Воведна сесија

Воведен збор – Ана Вујановић

Представување на учесниците – модераторка: Милена Богавац

7. август

10:00-13:00 i 15:00-18:00

Група Уметност и активизам

работилница

КАЛЕНДАР НА ЛАГИ

води: Драган Протиќ, група Шкарт

Работилницата „Календар на лаги“ е конципирана како практична уметничко-активистичка работа на вербализација и визуелизација на обмани и заблуди, како на лично, така и на општествено ниво. Работилницата е наменета на работната група Уметност и активизам, а отворена е за учесниците од сите групи.

Група Шкарт е експериментално студио за уметнички, графички и оштествени истражувања. Групата ја основаа во 1990. година Драган Протиќ и Ѓорѓе Балмазовиќ во напуштено графичко атеље на Архитектонскиот факултет во Белград, каде што тие формално беа едуцирани. Комбинирајќи различни искуства: поезија, графички дизајн, архитектура, перформанс и општествен ангажман, Шкарт разви локална стратегија на улични самиздат / самодат акцији. Излагаа во Белград, Брисел, Берлин, Грац, Париз, Њујорк, Виена… а за својата работа добија бројни награди и признанија. Некои од нивните општествено ангажирани проекти се „Твое гомно-твоја одговорност“, „Бонови за преживување“, „Куварице“, хорот и оркестрот Хоркешкарт и „Песничење“ – месечен фестивал на поезија, који за помалку од две години стана најпосетна книжевна манифестација во Белград. Со проектот „Клацкалиште – полигон на рамнотежа“ ја представуваат Србија на предстојното Бијенале во Венеција.

Драган Протиќ, мултимедиален уметник, роден 1965., својата биографија ја преточи во една реченица: „Никој и ништо, член на групата Шкарт, можеби поет.“

од 21:00

зедничка, јавна програма на учесниците

8. август

10:00-11:00

Презентација и повик за учество во програмата на

„Расшколувана видео училница“

во рамки на 51 Октомвриски салон, Белград

водителка: Марта Попивода

Презентацијата е отворена за сите учесници.

11:00-13:00 и 15:00-18:00

Група Културни политики на независна сцена

работилница

КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И НЕЗАВИСЕН СЕКТОР

води: Ана Жувела Бушња

Работилницата “Културни политики и независен сектор” се занимава со прашања на улогата, позицијата и просторот на независната културна сцена во однос на постоечката културна политика. Темите што ќе бидат опфатени со програмата на работилницата се: влијание на цивилно општество на процесите на донесување на одлуки во културна политика, независен културни сектор и локален културен развој со акцент на пракси и умрежување на независниот културен сектор во регионот. Работилницата е наменета на работната група Културни политики на независната сцена, а отворена е за учесниците од сите групи.

Ана Жувела е истражувачка во Институтот за меѓународни односи (IMO) и координаторка на мрежата Culturelink во Загреб, Хрватска. Првобитно пијанистка со диплома од University of Central England, Ана има магистратура од областа на културна политика и уметнички менаџмент од University College Dublin и докторантка е на Универзитетот во Загреб. Таа ја има збогатено својата работна биографија во културна продукција и уметнички менаџмент, помеѓу другото, работејќи за градот Дубровник, летниот фестивал во Дубровник и Arts for Amnesty International. Нејзините истражувачки интересирања опфаќаат културен менаџмент и развој на културни политики и стратегии, локален културен развој (градови), културна демократија и меѓуврски помеѓу културни политики и новата дигитална култура. Таа е вклучена во научен истражувачки проект насловен “Културен диверзитет, интеркултурна комуникација и дигитална култура”. Ана Жувела е ко-председателка на LabforCulture Steering Committee, член на European Cultural Parliament и советничка за култура во градската влада на Дубровник. Госпоѓа Жувела редовно објавува научни и експертски трудови и одржува предавања и презентации на културни конференции, симпозиуми и настани во целиот свет.

од 21:00

Заеднички, јавни програми на учесниците

9. avgust

10:00-12:00

Група Културни политики на независна сцена

работилница

КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И НЕЗАВИСЕН СЕКТОР

од 14:00

Заеднички, јавни програми на учесниците

21:00-22:30

Група Уметност и/како политика

Предавање со дискусија

ПОЛИТИЧНОСТ НА УМЕТНОСТА: СТРАТЕГИИ И ТАКТИКИ, ПОЛИТИКИ И ПОЛИЦИИ

Ана Вујановиќ

Предавањето опфаќа анализи на политичноста на современата уметност во контекстот на неолиберален капитализам. Основните теоријски референци се поимите на политика и полиција на Жак Рансијер и стратегии и тактики на Мишел де Серто, а основниот проблем канибалистичката природа на неолибералното уредување. Планирано е излагањето да биде следено со дискусија во која конкретни уметнички примери ќе бидат разгледувани низ рамка на понудената теоретизација. Предавањето е отворено за сите учесници.

Ана Вујановиќ (Белград, 1975.) е теоретичарка на изведувачки уметности и култура и културна работничка. Докторка е на хуманитарни науки во областа на студии на театар, член на уредничкиот колектив и програмска директорка на ТкХ, и предавачка на Универзитетот на уметноста во Белград. Активна е во локалниот, регионалниот и европскиот контекст како независна теоретичарка, писателка, уредничка, организаторка на различни културно-уметнички програми и драматург во области на современ перформанс, танц и пост-драмски театар.

10. август

11:00-13:00 i 15:00-18:00

Група Уметност и/како политика

работилница

АЗБУКАРИУМ

води: Јасна Котеска

Азбукариум е име за работилницата која ќе преиспитува дванаесет претходно избрани феномени: абјект, авангарда (советска, југословенска), анималност, град, инфантилност, informe, минијатуризација, санитарност, сетила, тероризам, тортура, фашизам/холокауст.

АБВ системот е тука за да оградиме територија, каде наместо дисциплинска санитарност (физика, литература, теологија), ќе размислуваме за поими (пеперутка, број, тоалет); наместо напор на културата и резервно знаење, можност за фантазија, размислување, средби. Кога поимот е затворен во уметничкото дело, малку треба тој да се премести во политичкото, за да се отворат други перспективи. Размислување со патерици: имаме не-санитарна уметност, што ако не-санитарноста ја префрлиме во политиката? Минијатуризација на уметноста, а како би изгледала минијатуризацијата на политичкото? Авангарда во уметноста, но каква би била авангардата во политиката? Informe во уметноста, а како би изгледала безформната политика? И слично.

Да го цитираме Агамбен: „Со Декарт и раѓањето на модерната наука, функцијата на фантазијата му беше претпоставена на новиот субјект на знаењето: на ego cogito-то (додека, забележете дека во техничкиот речник на средновековната филозофија cogitare упатува на дискурс на фантазијата, а не на чин на знаење… Додека научниот експеримент навистина гради сигурен пат (метод) до знаење, трагањето обратно, е признавање на отсуство на патот (апорија) како единствено искуство возможно за човека.“ Ние ќе се обидеме по овој вториов пат.

Јасна Котеска (Скопје, 1970.) работи како професорка по литература, родови студии и теориска психоанализа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала литература (Скопје, 1999.), родови студии (Будимпешта, 2000.) и докторирала на тема од женското писмо (Скопје, 2002.)

Работи во областа на теориската психоанализа (Фројд, Лакан, Кристева, Клајн, Жижек), литературна теорија и родови студии, со различни теми: интимност, санитарност, траума, и слично. Нејзините текстови се преведени на: англиски, словенечки, српски, германски, унгарски, бугарски, словачки, турски и др. Работела како уредничка во: Идентитети, Блесок, Литературен збор, и други.

Ги објавила книгите: Постмодернистички литературни студии (2002.), Македонско женско писмо (2003.), Санитарна енигма (2006.), Комунистичка интима (2008.) На словенечки е објавена книгата Интимист (2008.)

od 21:00

Заеднички, јавни програми на учесниците

11. август

11:00-13:00 i 15:00-18:00

Група Уметност и/како политика

работилница

АЗБУКАРИУМ

води: Јасна Котеска

od 21h

Заеднички, јавни програми на учесниците

12. август

11:00-12:00

Заеднички состанок: планирање на Инкубатор

Модерираат: Ана Вујановиќ и Искра Гешоска

* * *

практични информации

појадок: 08:00-09:00, ручек: 13:00-14:00, вечера: 20:00-21:00

УВ зрачење: до 10:00 и од 16:00 во зелена зона (од 1,5 до 2,5) / од 10:00-16:00 портокалова и црвена зона (од 6,5 до 8)

најдобри плажи: Рафаело (ситен камен) и Јахтинг (бетон), на шеталиштето 5 Даница, на 5 и 20мин од хотелот во правец на ХН / до 10:00 и од 18:00 бесплатен влез; и Жањице (најдобра, ситен камен, бетон, кафулиња, ресторани, добар влез во вода, чиста вода, бесплатна) – се оди со бродче од шеталиштето покрај хотелот Обала, карта 5 евра

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Category: Announcements

Tagged:

Leave a Reply

Deschooling Classroom

Deschooling Classroom is a project that addresses the contemporary independent cultural scenes in the region, researching and offering an alternative to the hierarchical models of education in the art and culture. Methodologically, the project moves away from the concepts of individual authorship and expertise, and advocates open collective educational structures where self-organised communities facilitate horizontal production, exchange and distribution of knowledge.