расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

Концепт ::

РАСШКОЛУВАНО.ЗНАЕЊЕ (o^o)
[колективно самообразование во уметноста и културата]

Расшколувано знаење(o^o) [колективно самообразование во уметноста и културата] е тригодишен проект кој е насочен кон современатa независна културна сцена во регионот, и има за цел да ги истражува и промовира алтернативите на  хиерархискиот образовен модел во уметноста и во културата. Методолошки, проектот ги напушта концептите на индивидуалнo авторство и на стручност, а се залага за отворени колективни образовни структури во кои самоорганизираните заедници спроведуваат продукција, размена и дистрибуција на знаењата според хоризонталните организациски принципи.

Расшколувано знаење(o^o) е партнерски проект на ТкХ (Теорија која хода) платформа за теорија и практика, од Белград (http://tkh-generator.net) и НВО Контрапункт (Културен центар Точка) од Скопје (http://kontrapunkt-mk.org), кој се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан (http://scp-ba.net).

Целите на проектот се:

  • да се зголеми свеста за потенцијалите на самообразованието и да се развијат методологии за алтернативно образование во современата уметност и култура;
  • да понуди изучување на нови и хибридни полиња од областа на современата култура и уметност и да го олесни споделувањето на критичкото знаење меѓу уметниците и културните работници;
  • да ја поттикне соработката меѓу оние кои сакаат да се вклучат во постојните културни системи;
  • да го оспори концептуалниот и инфраструктурниот систем на културните институции
  • да создаде нова инфраструктура за независната културна сцена. .

Проектот се базира врз трендовите на алтернативно образование што се појавија кон крајот на 20 век во контекст на пост-фордистичките капиталистички општества [1]. Разновидни иницијативи се обидуваат критички да го промислуваат класичниот образовен систем и да понудат различни алтернативи, кои се посоодветни за новите општествени односи и растечкото значење на услужните дејности. Нашиот проект е насочен кон независната културна сцена на Балканот, каде самоорганизацијата и самообразованието се нужни за учесниците критички да дејствуваат и да бидат општествено релевантни и ангажирани. Теориската основа на проектот ја сочинуваат авторите: Жак Рансие и неговите согледби дефинирани во книгата Ignorant Schoolmaster [2], тезите на Жан Лук Нанси за соработка и припаѓање, како и радикалните размислувања на Иван Илич од неговата книга Deschooling Society.[3]

Програмата на проектот може да се подели на две нивоа:

1.                  Содржина – програмата е насочена кон критичко, интердисциплинарно и хибридно знаење во полето на современата уметност и култура; можни теми кои можат да се вклучат во овој контекст се: кураторски практики во визуелните и невизуелните уметности, интердисциплинарна драматургија, слободен софтвер и дигитална технологија, интемедијални односи и др.

2.                  Методологија - ќе бидат организирани различни форми на истражување и учење за вештините и принципите на самоорганизацијата и самообразнованието, како што се, на пример, работилници за олеснување и модерирање, практични совети за водење невладина организација, разговори за моделите на донесување одлуки и за не-хиерархиски начин на работа во група итн.

Проектот е поделен во два циклуси (секој во траење од по 12 Месеци) во кој секоја „генерација” ќе помине низ процесот на колективно самообразование. Секоја генерација се состои од 3-4 работни групи, собрани околу заедничките теми во споменатите области. Сите групи се состојат од 6-8 членови од Белград и од Скопје. Тие ќе учествуваат во следниве програми:

  • Отворена недела – е тридневен настан кој се состои од работилници, предавања и презентации, чијашто цел е да го привлечат вниманието и да ја равијат свесноста за самообразованието и самоорганизацијата во нашите локални контексти. Со таа цел, активностите во рамките на Отворената недела ќе бидат отворени за пошироката публика. Во првиот циклус, настанот ќе биде орагнизиран во Белград, од 12 до 16 јуни 2009 и ќе претставува појдовна точка за работата на секоја група. Како претходница на овој настан, во Скопје, на 01. 06. 2009, ќе биде организиран Отворен ден на кој ќе се презентира проектот за локалната публика.
  • Летна школа – интензивен образовен настан кој ќе трае една недела. Летната школа ќе ја креираат учесниците од сите групи, сами за својата група, но едновремено и за останатите кои ќе бидат заинтересирани за одбраните теми, особено за оние од регионот. Првата Летната школа ќе биде организирана во Охрид од 16 до 23 август 2009 година.
  • Инкубатор – се состои од шест месечна интензивна заедничка работа на работните групи. Неговите план и програма ќе бидат осмислени од страна на учесниците, а ќе вклучува континуиран самообразовен процес на групите од Белград и од Скопје преку видо линк, како и со учество на гости-предавачи.
  • Timeshare камп – станува збор за организациона структура која подразбира сместување и работа. Со ваквата структура сметаме дека ќе се олесни и поттикне соработката меѓу членовите во групата за време на подготовката на заедничките културни иницијативи. Секоја група ќе има можност да создаде свое заедничко дело како, видео, фанзин, инсталација, веб сајт и сл. По завршувањето на проектот, делата ќе бидат презентирани локално и во регионот. Во рамките на првиот циклус првиот циклуса проектот ја нуди ваквата можност за групите во текот на март и на април 2010 година во Белград и во Скопје.
  • Проектот ќе заврши со создавање на Toolbox. Оваа симболичка „кутија со алатки” ќе вклучува Прирачник за самоедукација, составен од учесниците, организаторите и гостите/предавачи. Воедно ќе направиме и документарен филм, кој ќе биде свеоевидно резиме на проектот и ќе биде можност проектот да се претстави во други контексти. Toolbox ќе биде промововирана локално и регионално, со цел да се постигне видливост и влијание во рамките на регионалната независна културна сцена.

Deschooling Classroom

Deschooling Classroom is a project that addresses the contemporary independent cultural scenes in the region, researching and offering an alternative to the hierarchical models of education in the art and culture. Methodologically, the project moves away from the concepts of individual authorship and expertise, and advocates open collective educational structures where self-organised communities facilitate horizontal production, exchange and distribution of knowledge.