расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

Комодификација на знаењето :: Ива Нениќ

Продукцијата и менџментот на знаењето (начинот на кој информацијата се создава, презентира, архивира, пренесува, дели, расудува) се подредени на материјалните услови на дадениот историски миг како и на специфичните културно-едукациски практики. Објектот на знаењето во пост-индустриското општетствосе менува рапидно согласно забрзаниот технолошки развој и резултирачката сеприсутност на информацијата. Логиката на капиталот продре во современото поле на едукација, менувајќи го концептот на знаењето од организирана маса на информации, во информациска роба. Како што Луис Алтисер (Louise Althusser) предупредува: „идеолошкиот државен апарат, кој е поставен на доминантна позиција во зрелите капиталистички општествени формации како резултат на насилните и идеолошки класни борби против неговите стари доминантни идеолошки апарати – е едукациски идеолошки апарат”[1]. Доцниот капитализам го регулира процесот на учење на начин во рамките на кој доминантната идеологија не се манифестира како едноставна имплементација на државните хегемонистички принципи, туку како подлабока промена во јадрото на системот на едукација: знаењето се комерцијализира, количеството и релевантноста на информациите рапидно растат, новите технологии стануваат condition sine quo на секој процес на учење. Свесен за ваквата ситуација Жан Франсоа Лиотар (Jean Francois Lyotard) пишува: „знаењето се произведува и ќе се произведува за да се продаде, то е и ќе биде консумирано за да се валоризира во новиот производен процес: во двата случаи, целта е размената”.[2]

Ваквите регулативни принципи влијаат и на улогата на самото учење: денес, не станува збор за знаење кое се стекнува со цел лично усовршување туку за утилитарно знаење кое може да се искористи на пазарот, низ вложување на максимум способности и имагинација. Знаењето како роба-на-продажба е обележје  на доцниот капиталистичко хегемонистички know-how пристап, во кој спретноста во посредувањето и користењето на информациите (поседување брзина и локација) е поважна од тежнеењето кон индивидуалната креативност вон конвенционалните институционални рамки. Вредностите на нематеријалната работа, креативноста и иновацијата, од друга страна, се препознаени од страната на пазарот, што резултираше во паразитската експлоатација на нематеријалните сфери од страна на материјалните[3].

Комодификацијата на знаењето, според тоа, е процес на трансформација кој се одвива во основата на едукацискиот систем но и во моментално доминантните состојби на знаење. Повикот на контра-акција, во смисла на различни облици на критика и контрахегемонија, цели еднакво и кон теоријата и кон практиката. Прашањето е како да се промислува вредноста како знаење денес и како да се развиваат отворените и авторефлексивни начини на едукација кои се разликуваат од конвенционалните процедури. Неопходно е овие стратегии да се обработуваат еднакво со локалните и глобалните услови, како што се социјалната нееднаквост или разликите помеѓу оние кои имаат ефективен пристап до информациските и дигиталните технологии и оние кои немаат, со што би се влегло во трага на одредени потреби и би се изградиле со контекстот врамени специфични тактики на борба против владеачката логика на когнитивниот капитализам.


[1] Louise Althusser (1971), “Ideology and ideological State Apparatuses”, in Lenin and Philosophy and Other Essays, Monthly Review Press,

New York-London, стр. 127 – 187, 152.

[2] Jean Francois Lyotard (1984), The Postmodern Condition> A report on knowledge, University od Minnesota Press, Minneapolis, 1984 стр. 4

[3] Matteo Pasquinelli, “Immaterial Civil War. Prototypes of Conflicts Within Capitalism”, Barcelona, September 2006,  стр. 8

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Tag Cloud