расшколувано.знаење(o^o)

Icon

колективно самообразование во уметноста и културата…

(English) Prezentacija – performans: NAME RADYMADE :: Janez Janša

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Постпедагогија :: Мишко Шуваковиќ

Појмот постпедагогија е изведенка на американскиот деридијанец Gregory L. Ulmer во врска со концепциите на Jacques Derrida (Жак Дерида), кои се однесуваат на „сцената за пишување”, а кој го применува на сосема различни автори, како што е психоаналитичарот Jacques Lacan, скулпторот и перформанс уметникот Joseph Beuys (Јозеф Бојс), филмскиот режисер Sergei Eisenstein (Сергеј Еизенштајн) и тетатрскиот режисер Antonin Artaud (Антонен Арто). За Улмер, појмот постпедагогија (post/e/ – pedagogy) укажува на движење преку конвенционалната педагогија до воспоставување на педагогијата во ерата на електронските медиуми.

Во овој текст преку пост-педагогијата ќе означам неколку можности:

  • Отворање на традиционалните педагошки процеси (процесот на пренос на „идеи” / знаење / од учителот на ученикот), кон истражувачката и бихејвиоралната работа помеѓу соработниците кои учат едни од други[1],
  • Анархистичко деструирање на каноните, правилата, критериумите и законите на педагогијата, на начин на изведување на педагошките ситуации како лудистички и еманципаторски чин на создавање[2],
  • Поништување (деструкција, деконструкција, релативизација, децентрализација, релативизација на односите маргина и центар) на сопствениот статус на „учителот како сопстеник на заењата”[3],
  • Поставување на теориските или педагошките предавања како отворено номадско и интерактивно уметничко дело[4]
  • Изведување на теориско, автопоетичко или педагошко предавање како „настан” кој не може прецизно да се идентификува како предавање во теориска смисла, како уметничко дело (место-представа) или како некој вид промотивна работилница[5],
  • Поставување на чинот на теориско излагање како сценски настан или на начин карактеристичен за сценски настан со разработка на посебни реторичко-вербални, бихејвиорални (телесно-гестуални) и медиумски (употреба на ставови опримерени со репродуктивните медиуми) примери и артикулација-и-атракција на сцената на излагање (предавања и подучувања)[6],
  • Поставување на чинот на теориско излагање во системот на медиумски репродуцирани комуникации (радио, телевизија, LP плочи, или CD)[7]
  • Изведување на теорискиот чин на излагање во интерактивни електронски медиуми (компјутерски мрежи или мултимедијални и VR техники на /виртуелна реалност/)[8]. Со други зборови, овде постои можноста за очекување на одгласот на слушателите и нивното интервенирање во рамките на предложените теми и експликации на предавачот.
  • Воспоставување на која било уметничка практика како основен модел (на телото) со кој се изведува прикажувањето, застапувањето, демонстрирањето или означувачкото изведување (тестирање) на теориските претпоставки и можности. Тоа значи дека со средствата на уметноста се покажува како се воспоставува теорискиот метаговор (педагошко ниво) и како во метаговорот се воведуваат означители (синџири, мрежи) кои покажуваат како метаговорот е невозможен. Но постои и инверзен пат кој покажува како теоријата се воведува во уметноста со посредство на перформерските и театарските тактики, односи, и како за теоријата се конструираат стварни но и привидни тела „од” трагите на уметноста.[9]

Веројатно се можни други различни примери. Но, она што е битно за разбирање на постпедагогијата е дека појмот педагогија се редефинира (трансформира, трансфигурира) како „продуктивна изведбена практика” на стварната или на фикционалната „сцена” (екран). При тоа, педагошкиот чин не е пренос на едно „кристално знаење” од еден субјект (субјект-господар на знаењето) на друг субјект (субјект-без-знаење), туку е воспоставување на можноста различните индивидуи на концептуално демонстративен начин да се конструираат себеси и другиот како субјект на знаење со посредство на теориски, уметнички или културно-медиски материјални апарати. Станува збор за динамични интерактивни епистемологии или теории на дело.


[1] Тој процес на учење преку истражување е разработен во групата Art&Langue во почетокот на 70-тите. На пример Therry Atkinson и Michel Baldwin го дефинираат со следната шема: „Searched by the index of = def. A-L(x)(if x is a member of A-L then ((3y) x learners a from y and x ≠ y))”.

[2] На пример различните стратегии на John Cage за време на неговите универзитетски предавања. Еден таков постпедагошки гест е давање на највисока оценка ‘А’ на почетокот на одржувањето на курсот без проверка на знаењата, кои обично се вршат на крајот од курсот.

[3] На пример Цветан Тодоров за доцниот Roland Barthes говори како за мислител и писател кој го руши дискурсот на учител. Тој вели дека Barthes создава книги кои не се излагања на идеи туку вербални гестови (action writing). Понатаму, вели дека Barthes се развива од терориста (оној кон конструира, менува и нуди епистемологија) во егоиста (оној кој ужива во епистемологијата).

[4] На пример, предавањата на Joseph Beuys кои се изведувани како уметнички настан (performance, happening, akcija).

[5] На пример, предавањата на Roberta Wilsona што тој ги држи како своевиден педагошки или теориски перформанс, тематизирајќи ја и толкувајќи ја својата театарска поетика.

[6] Со овој вид предавање се бавеле многумина. Во модерната, можат да се наведат предавањата на Мартин Хајдегер и на Лудвиг Витгенштајн, за што постојат многубројни анегдоти . На пример за Хајдегеровото пеење или за Витгенштајновото лежење на подот од училницата додека предава. Но замислата на концептуално намерената театрализација на предавачко-педагошкиот чин може да се открие во лакановите предавања за матемите или во неговите телевизиски настапи и предавања, кои ги држел за телевизискиот медиум а кои се однесувале на самата телевизија. Тука можат да се наведат и предавањата на Жак Дерида, филозофот Петер Слотердајк, теоретичарот на култура Борис Гројс.

[7] Многубројни примери можат да се наведат од Џон Кејџ до Жак Лакан, од Дерида до Славој Жижек.

[8].Постојат различни примери и можат да се најдат многубројни нет-уметници или теоретичари чиишто дела се комуницираат со посредство на мрежата низ педагошки модуси (на пример, critical art ensemble).

[9] Пример за ова се теориско-театарските или теориско-перформативните дела на ТкХ: Теорија која хода. ТкХ создава теориски конструкции,  кои ги реализира низ јавно (перформерско) изведување за да го покаже телото на теоријата.

http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/digg_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/reddit_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/technorati_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/myspace_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png

Tag Cloud